Пожар и кај манастирот Св. Илија Писокал во прилепско Мариово – Гори на уште две други локации!!!!

35235262

Пожарот во атарот на селата Дрен и Смолани, во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола, но сеуште е активен во опожарениот дел. Екипите се сеуште на терен (општина Прилеп).

Пожарот во с.Никодин – Прилепско е сеуште активен и проширен. Истиот се движи на велешка  страна. Во гасење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени  и авионите на ДЗС (општина Прилеп).

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пријавен е пожар кај манастирот Писокал – Свети Илија – Слива. Запалени се дрва од гром. На терен дејствувала екипа на ТППЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.