Пет млади Македонци меѓу кои и прилепчанка беа на значен проект за прва помош во Полска

Тимот на “СФЕРА Македонија” составен од 5 млади Македонци, учествуваше во младинска размена наречена “Прва помош 4 САД”, која се одржа во Поронин-Полска помеѓу 24-31 јули.

20643897_10203632472847710_1751034823_n

Меѓу петте Македонци беше и прилепчанката Анастасија Бошкоска, која е млада и амбициозна личност, активна на многу полиња во општественото делување.

20413914_10214082621361012_1676585326569819973_o

Проектот беше заедничка иницијатива на млади луѓе од Македонија, Италија, Романија, Естонија и Полска. Во текот на тој период, младите имаа можност да ги прошират своите знаења за првата медицинска помош и да развијат чувство за поголема општествена одговорност со преземање на иницијатива во свои раце.

DSC_0014

Преку нивните стекнати вештини и компетенции, тие ќе можат да бидат активни во опасни ситуации и да направат разлика. Проектот беше полн со многу интересни работилници подготвени од учесниците кои го направија учењето за прва помош лесно и забавно.

DSC_0039

DSC_0498

Овој проект беше исто така одлична можност да се развие соработка со нивните врсници од странство, да се разменат нивните идеи, да се зајакне врската меѓу личното и меѓукултурното разбирање и да се развијат меѓучовечки вештини, особено во областа на размена на меѓународни искуства со нивните врсници.

DSC_0529

Овој проект е еден од првите проекти на Еразмус+ кој е со тематика на прва помош.

Како завршна фаза од проектот, младите имаа задача да извршат симулација на целиот проект во градот Закопане, Полска.

DSC_1040

Закопане е еден од познатите туристички места во Полска, па затоа самиот проект беше забележан од илјадници луѓе и туристи кои се движеа по центарот на градот. Самите млади имаа симулација каде ја искористија глумата за да се привлече повеќе внимание и чувство на одговорност.

DSC_1034

DSC_0942

Покрај сево ова, на ден 05.08.2017 во СФЕРА Битола, беше одржана работилница за прва помош од самите млади, каде го споделија своето знаење и одговорност за тоа колку првата помош е битна и колку многу животи зависат од неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.