ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ЛУКСУЗ: Еве што поседува Путин и колкави се неговите приходи

Централната изборна комисија на Русија ги објави приходите на Рускиот претседател Владимир Путин за периодот од 2011 до 2016 година. Се работи за износ од 38.5 милиони рубљи, односно 673.000 долари.

Исто така, наведено е дека има и 13 сметки во банка со 13.8 милиони рубљи (241.200 долари) и 230 акции во банката на Санкт Перетбург. Освен тоа, Путин поседува стан во Санкт Петербург од 77 квадрати и гаража од 18 квадрати. Се наведува дека има и стан во Москва од 153.7 квадрати. Претседателот поседува и два автомобили – “GAZ M21” и “Лада нива”.

Владимир Путин од секогаш градел имиџ на многу моќна личност – џудо мајстор, хокеј играч и љубител на животни. Секогаш е прикажуван како незаменлив лидер на Русија. Многу прашања се поставуваат за неговите приходи и богатство.

Колекцијата на сатови која ја поседува рускиот претседател се проценува на 750.000 долари, а како најскапо парче се наведува “Lange & Söhne”. Сатот е покриен со кристално стакло, а има и златни сказалки, вреден е половина милион долари.

Исто така, некои медиуми пренесува дека Путин поседува четири јахти, а највредната јахта е проценета на 37 милиони долари. Тој сака и автомобили, а на располагање има и модели на Формула 1 болиди.

Тој има изјавено дека омилени автомобили му се оние кои се произведени во Русија. Путин поседува и приватни авиони и хеликоптери, а најголемата вредност ја имаат неговите недвижности.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.