ОРУЖЈЕТО ЗА КОЕ ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Лансирана руската супер-сонична ракета “Кинджал” (ВИДЕО)

Посадата МИГ-31 на Воздушно-космичките сили на Русија извела пробно лансирање на супер-соничната ракета од ракетниот комплекс “Кинджал”. Лансирањето било успешно, ракетата ја погодила целта на полигонот, соопштуваат од руското Министерство за одбрана.

Министерството соопштило дека за време на лансирањето на ракетата потврдени се тактично-техничките карактеристики.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Русија, благодарејќи на високите летачко-технички карактеристики на авионот МиГ-31 и суперсоничните аеробалистички со мал дофат на радарите, како и маневарските способности, комплексот “Кинджал” нема своја конкуренција во светот.

За суперсоничната ракета од комплексот “Кинджал” говорел и рускиот претседател Владимир Путин кој рекол дека истата гарантирано е способна да ги совлада сите постоечки системи за против воздушна и против ракетна одбрана, како и тоа дека ракетата е до домет од 2.000 километри.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.