Нови лица за нови победи: Со освежување во ИК ВМРО-ДПМНЕ тргнува по победа на локалните избори

Вистинско освежување на партиските редови и одлична комбинација меѓу искусните и новите кадри. Вака експертите го коментираат новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-sediste-mk

Според нив, големите промени во најважното партиско тело доаѓаат во прав момент и ќе бидат вистински ветер во грб во пресрет на најавените локални избори.

Задоволството не го крие ниту партиското членство кое коментира дека на партијата и била потребна „свежа крв“. На социјалните мрежи може да се забележат бројни коментари со поддршка за новите кадри кои во партиските кругови се познати како големи теренски работници. Поддршка стигнува и за непартиските кадри кои добиваат шанса да раководат со најголемата политичка партија во Македонија која во континуитет победува на сите изборни циклуси во последните повеќе од 10 години.

Очекувањата се дека промените ќе донесат една позитивна атмосфера која е и повеќе од потребна особено ако се знаат околностите во кои партијата и покрај победата на последните избори не успеа да формира влада.

Нова свежина се очекува да донесе и новиот Генерален секретар, Христијан Мицковски. Докторот по технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје како млад кадар членството очекува да ги збие партиските редови и да придонесе за подобра организација на партијата. Тој го наследува Емил Димитирев кој и натаму ќе остане дел од највисокото тело на партијата.

Заедно со него остануваат и неколку поискусни, истакнати партиски членови кои беа дел од партиското раководството и во изминатите речи си десетина години. Меѓу нив се екс министрите Тодоров, Попоски, Милошоски како и луѓето задолжени за раководење со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието како Илија Димовски и Влатко Ѓорчев. Дел од ИК останува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски како и екс пратнеикот Александар Николоски и Нермин Телоска, а со Извршниот комитет и натаму ќе претседава партискиот лидер Никола Груевски.

Меѓу помладите кадри кои сега добиваат шанса во раководното тело на партијата се поранешниот портпарол на владата Александар Георгиев, историчарот Никола Србов, Златко Перински кој беше директор на Спортскиот центар Борис Трајковски како и Богдан Илиевски – Бетмен кој доаѓа од невладиниот сектор.
Во Извршниот комитет по функција меѓу младите кадри е и претседателот на УМС Владимир Нелоски, а тука се и претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова и пратеничката Ане Лашкоска како и Славе Трпески од управата за Катастар.

Шанса во политиката добива и познатиот кошаркар Дејан Јовановски како и нефрологот Игор Николов, поранешниот министер за странски инвестиции Џери НАумоф, докторот Сеад Солаковски, дебарчанецот Армин Незири, Анета Стојановска Стефанова, Светлана Колариќ, Зеќир Рамчиловиќ, Марио Цветковски и професорот Драги Димитровски и Зоран Савески. Тимот со своето искуство го комплетира Дијана Транталовска која во ИК доаѓа од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на ИК, Антонио Милошоски на социјалните мрежи напиша дека во тимот се придружуваат докажани луѓе, а поддршката била едногласна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.