Нова преработка од прилепчаните “Mr.T” и Наташа Седлоска – „No Light, No Light“

Нова преработка од нам веќе добро познатите Mr.T и Наташа Седлоска, но овој пат на огромниот хит на Florence + The Machine – No light, No light, во сосема поразлична верзија од оригиналната.

sdada

Покрај Томе Темелкоски (Mr.T) – гитара, монтажа и продукција, и Наташа – вокал, во овој проект учествуваат и Христијан Конески – видео, Саша Нацевски – режија, Филип Јездиќ – тапани, Бобан Петрески – бас гитара, Оливер Илиески – клавијатури, Лора Штаргоска – актерка (voodoo child), Јордан Чавлески CLS Light & Sound – светло и опрема, Александра Кочоска – шминка. 

– Каверот го спремавме неколку месеци и би сакала да изразам огромна благодарност до сите што учествуваа во проектот на било каков начин. Работиме со тоа што имаме, пред сѐ огромна желба и љубов кон музиката. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да издадеме нешто наше, авторско, но за реализација се потребни многу средства и спонзорства. За тоа, потоа. Се надевам дека ви се допаѓа тоа што го правиме и ќе продолжите да бидете наши верни поддржувачи. – истакна Наташа Седлоска.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.