Несторовски пред трансфер во еден од најдобрите италијански клубови?

Како што пишуваат италијанските медиуми, Мацари веднаш ги кажал своите трансфер желби, а една од нив е и предводникот и капитен на Палермо, Илија Несторовски.

Торино и покрај тоа што го има еден од најдобрите тимови и најдобри играчи во Калчото, како што се Белоти, Љајиќ, Фалке, Басели… сепак оваа година не се покажа баш најдобро, а поради тоа отказ заработи тренерот Синиша Михајловиќ, на неговото место во помалиот клуб од Торино пристигна Валтер Мацари.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Мацари веднаш ги кажал своите трансфер желби, а една од нив е и предводникот и капитен на Палермо, Илија Несторовски.

Клубот на Несторовски во моментов е на лидерската позиција во втората италијанска лига со 39 освоени бодови, како и на стартот на сезоната така и во моментов тие се еден од главните фаворити за враќање во Серија после само една сезона.

Од Палермо се децидни дека сакаат да го задржат бомбардерот од Македонија, од таму велат дека сакаат да го задржат и другиот Македонец, Александар Трајковски.

Сепак последните информации од Чизмата говорат дека ќе имаат тешка задача да го задржат својот капитен Несторовски, кого македонските фудбалски фанови би можеле да го гледаат повторно во Серија А.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.