Машки предлог за уценетите пратеници на СДСМ – само да не не’ осудат на уште еден ПУЧ !?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска излезе со предлог до премиерот Зоран Заев. Мицкоски вети поддршка за Владата од ВМРО – ДПМНЕ, доколку СДСМ и Зоран Заев се откажат од Законот за јазици.

-Имам две работи да му порачам во моментов на господинот Зоран Заев. Првата е, ако чесно и мисли добро на Република Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар и политичар кој што има примарна цел за реформите, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејќи тие се вистинскиот приоритет за развојот на Република Македонија.

Ако господинот Зоран Заев има концесија, еве ние како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, му стоиме на располагање, и ако е уценет преку таа концесија дека ќе му се распадне Владата и ако има „дил“ за да остане Владата, еве ние како ВМРО-ДПМНЕ му се нудиме, со нашите парламентарни пратеници да ја поддржиме оваа влада во сите овие реформски процеси под еден услов, да го тргне Законот за јазици од собраниската процедура. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Владата на господинот Зоран Заев во носењето на сите реформски закони, безусловно, бидејќи иднината на оваа држава е во реформите, рече Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.