Македонија против Унгарија денеска во 14ч за петто место во СВЕТОТ! СРЦЕ НА ТЕРЕН МОМЦИ!

image-0-02-04-769000393db9135e872755e9795b15f2c3bc39431a368e0c754b97cfbb51c505-V

Младата ракометна репрезентација на Македонија до 21 година денеска го игра својот натпревар за конечен пласман на Светското првенство во Алжир.

Со почеток од 14 часот по македонско време, на патот за петто место во СВЕТОТ, на нашите млади херои ќе им застане Унгарија, која вчера го порази Тунис.

Се работи за една цврста и силна репрезентација, која дури по две продолженија во четвртфиналето, загуби првиот фаворит за пехарот Шпанија.

Сепак, нашите ракометари до сега оставија срце на терен и очекуваме иста таква претстава и денеска, а потоа и херојски да ги пречекаме во Скопје.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.