Лоши вести за времето на првиот ден од пролетта

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотраен дожд претпладне на планинските делови на исток и на запад.

На високите планини ќе провејува слаб снег. Во посеверните делови ќе дува претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува.

Попладне, облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 11 до 19 степени.

Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 17:15 часот, а истовремено на јужната полутопка ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21 јуни до 11:07 часот кога календарски ќе настапи летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе се поместат еден час понапред.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.