Конкурирајте: Еве во кои училишта има слободни места

Врие од огласи за вработување на наставен кадар во основните и средните училишта во Прилеп.

Речиси и да нема училиште кое изминативе денови не објави оглас за вработување на нови наставници и професори.

Еве каде има слободни работни места во моментов:

Професори по англиски, француски јазик и наставници по музичко образование се бараат во ООУ “Климент Охридски”.

Во училиштето има потреба и од: Наставник по математика, наставник по ликовно образование, по физичко образование, како и одделенски наставник.

Предавач по графичка технологија се бара во средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко”, каде е потребен и професор по машинство, наставник по ликовно воспитување, професор за патен сообраќај, професор по психологија и професор за практична настава.

Средното ОПШТИНСКО ЕКОНОМСКО-ПРАВНО-ТРГОВСКО УЧИЛИШТЕ “КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ” има потреба од наставник по физичко воспитување, професор по англиски јазик и  професор по социологија.

Денеска е последен ден за аплицирање за огласите објавени за предметен наставник во ООУ “Страшо Пинџур” во населеното место Мало Коњари, каде се потребни и двајца наставници по информатика, наставник по математика и наставник по мајчин јазик.

Oгласите можете да ги пронајдете на веб страната на Агенцијата за вработување, или отворете го следниот ЛИНК

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.