Изложба на дела од Анета Ивановска Симјановска во Прилеп

ova

НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп

Во петок 11 август 2017 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Анета Ивановска Симјановска.

Текст за изложбата

Импресиите што ги восприемаме,кои често се појавуваат хаотично ,содржат  елементите-импресија од бојата на објектот (предмет, пејзаж), неговата форма  и комбинирањето на боја, форма, текстура.

Асоцијативни пејзажи-композиции

Делата изобилуваат со драматика, динамичност и импулсивност преточени во специфичен ликовен ракопис што влијае врз емотивниот  сензибилитет кај гледачот  будејќи ги  рационалните сомнежи и претпоставки. Носат поплава од сензибилни асоцијации што дејствуваат мошне силно создавајќи патокази кон основната идеја. Пулсираат со див ритам и енергија,одушевуваатсо бесконечни креативни замисли исполнети со многубројни детали на величенствената нефигуративност. Сликањето е процес во кој се одразува човечката несвесност. Делата не се создадени  според природата,туку креирани заедно со неа.Асоцијативните пејзажи откриваат актуелен момент на една универзална визуелна медитација што ги надраснува границите на сопствената стварност претворајќи се  во своевидна виртуелна реалност. Пејзажите се само асоцијативно допрени, повеќе замислени отколку се претставени. Во нив се  пренесени  најмногу емоциитесо кои се доживеани. Тоа е постигнато со ликовните елементи,првенствено со  колоритот  што  најдобро го одразува уметничкиот сензибилитет, моменталното расположение, поетскиот експресивен  занес. Сликите се лични изјави во кои со видливиот потег на четката  забележува траги од сопствената меморија и акција.

Детал

За тебе нема ни вечерен запад,

ти – морно око на трепетна срна.

Две бои таму ти горат и капат,

две шарки твои – црвена и црна.

 

Везилка-Б.Конески

 

Биографијата за уметницата

Анета Ивановска Симјановска родена во Скопје,Р.Македонија 1976 год. Завршува средно уметничко училиште ДСУЛД “Лазар Личеноски”,1994год. во Скопје. Дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 2000 год. во класа на професор Танас Луловски – сликарство со конзервација и реставрација. Член на ДЛУМ од  2002 год. Член на ДЛУБ оод 2010год. Учесник на повеќе грпни изложби и ликовни колонии. Живее и работи во Скопје.

~Самостојни изложби:

-2004год.-Културно  информативен центар КИЦ-Скопје

-2012год.-Магаза ,Битола

-2012год.-Национална галерија на Македонија-Мала Станица Скопје

-2014гд.- НУЦК Кочо Рацин – Кичево

-2014г.Мала изложба  Кафе Галерија 8

-2017г.-Ликовна Галерија Марко Цепенков Прилеп-

~Групни изложби и ликовни колонии:

-Во рамките на ДЛУМ од 2002г.-Зимски салон,Годишна изложба,Пејзаж,Цртеж,Мал формат,Минијатура

-Во рамките на ДЛУБ од 2010г.-Годишна и Ноемвриска изложба

1998г.-Михајлово Кавадарци ликовна колонија

1999г.-Кавадарци,Лесново-Пробиштип ликовна колонија

2001г.-Матејче,Куманово ликовна колонија

2002г.-Пехчево,Св.Николе,Јоаким Осоговски-Крива Паланка ликовна колонија

2005г.-Јоаким Осоговски-Крива Паланка ликовна колонија

2006г.-Плав- Црна Гора,

-Пробиштип ликовна колонија

2007г.Струга- ликовна колонија

2011г.-Нови сведоци на Холокаустот-Молика,Битола

2012г.-Интернационален акварелен симпозиум Карпош,Скопје-Охрид ,Македонија

2013г.-Миниартура ДЛУМ

-Книжевно – ликовна колонија -Битола

2014 год.- ДЛУМ Експериментален Цртеж,Луцерна – Прага,Чешка

2014год  -Галерија 20х20 мал формат – Швајцарија

-5ти Интернационален акварелен симпзиум- Охрид

2014год.-Изложба на уметници од Јужна Америка и Јужен Балкан-Остен галерија

-60 години ДЛУМ годишна изложба

-Ноќ на Музеи- Кинотека на Македонија,Арте галерија

– Ликовна колонија Нижо Поле –Пелистер,Битола

-Трето меѓународно акварелно биенале А-Галерија- Белград,Србија

– Уметнст на минијатура –Мајданпек ,Србија

-Учество на прво биенале во  Лима – Перу

2015-Струмичка ликовна колонија

-Акварелен симпозиум Охрид

2016- Учество на Меѓународно Триенале `Духот на Акварелот` во Варна ,Бугарија

2о17г.-Учество на акварелен фестивал`Урбино Акварел` Италија

  • Нижо Поле 2000 –Ликовна колонија Битола

~Награди :

2004г.- Награда за сликарство “Петар Мазев” на годишната изложба на ДЛУМ

2012/13г.- Награда за сликарство “Петар Мазев” на годишната изложба на ДЛУМ

2012г.- Откупна награда за акварел на меѓународен ликовен конкурс на општина Карпош

2013/14 г.-Награда за сликарство “ Никола Иванов-Балтон” на годишна изложба на ДЛУМ

2016г. Награда за акварел`Даниел Смит`  на  тема балет на интернационалното триенале` Духот на Акварелот` Варна,Бугарија

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.