“За Прилеп нема социјални станови – најави Сугарески?!”

Изградба на 467 социјални станови, најавија денеска министертот за Транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Христијан Трајковски. Од нив ниту еден за прилепчани.

Министерот заборави на своите сограѓани и најави изградба на 312 социјални станови во Скопје, по 34 во Пехчево и во Свети Николе, 39 во Виница и 48 во Пробиштип.

Бројката на вакви станови која ја ветува Сугарески е половина од изградените околу 1000 на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од сега, кога Прилеп го нема во листата за изградба на вакви станови, во 2015 година во градот под Марковите Кули, беше пуштена во употреба стамбена зграда со 76 станови за социјално загрозени семејства.

Потсетуваме и дека тогашната техничка министерка за труд и социјална политика од СДСМ, Фросина Ременски, не ги потпишуваше решенијата за доделените станови, па избраните корисници на становите со денови протестираа пред зградата.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.