Драма во Калифорнија- јато ајкули опкружи група капачи (ВИДЕО)

ajkuli-kalifornija

Вистинска драма се одвиваше на крајбрежјето на Калифорнија, откако јато ајкули опкружиле група капачи додека уживале во водата.

Благодарение на навремениот потег на локалните власти, избегната е трагедија.

-Внимание до сите. Околу вас пливаат 15 големи бели ајкули. Полека и смирено напуштете ја водата, порачал преку разглас шерифот од округот Оринџ, додека го надлетувал местото со хеликоптер.

Во Калифорнија веќе втора недела е прогласена состојба на зголемен ризик од ајкули, откако на 29­ти април морско куче тешко повреди жена на плажата Сан Онофре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.