Децата од градинката “Вишне” приредија сладок панаѓур во компанијата “Комфи Ангел” (ФОТО)

Дечињата од ЈОУ “Наша Иднина” Прилеп, објект Вишне, беа во посета на компанијата “Комфи Ангел”, каде приредија панаѓур на зимници. Со нивните вредни рачиња децата изработиле украсни пакувања со зимница, а собраните средства ќе ги вложат во подобрување на условите во нивната градинка.


Вработените во нашата компанија несебично учествуваа со свој придонес во оваа прекрасна акција од прекрасните дечиња со нивните вкусни производи.

На крајот на продажбата, на дечињата им беа доделени украсни перничиња.

Комфи Ангел им посакува среќно и весело детство исполнето со многу радост.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.