Во сабота пелагониско дерби – Што следува во распоредот на Победа?

Во сабота во рамките на 10-то коло од македонската Прва фудбалска лига се среќаваат екипите на Пелистер и Победа.

Натпреварот е со почеток од 14:30 часот на стадионот “Тумбе кафе” во Битола.

Поради локалните избори во недела, ова коло е преместено и сите натпревари започнуваат во исто време во сабота.

Победа и Пелистер се наоѓаат на шестото односно седмото место со по 9 освоени бодови во досегашниот дел од сезоната. За разлика од битолчани, напаѓачите на Победа се порасположени до сега и имаат 14 постигнати голови, наспроти 9 од домашниот состав, но одбраната на победашите е најслаба во лигата со примени дури 19 гола.

Финансиските проблеми со неисплатени плати кои ги има клубот од Битола, можат да бидат шанса за прилепчани за освојување на бодови.

Претходниот натпревар од првото коло во годинешната сезона, Победа на домашен терен го загуби со резултат 1:2.

После овој натпревар на Победа и претстои набиен распоред:

18.10 (среда) реванш 1/8 финале Куп на Македонија  Победа-Брегалница
22.10 Победа-Вардар
25.10 Шкупи-Победа
29.10 Победа-Шкендија

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.