Детали за сообраќајната незгода во Прилеп во која загина едно лице

18871546_10208846459707719_1213472093_n

Едно лице го загуби животот денеска во сообраќајна несреќа што се случила попладнето на патот Прилеп – Мажучиште, на излезот од градот кај Институтот за тутун.

18928513_10208846438827197_1551333724_n

Според Гордана Николовска Димеска, лекарка во Службата за итна помош во Прилеп, повик за интервенција добиле малку по 15 часот.

– Две екипи од Итната медицинска помош интервенираа на повикот малку по 15 часот за сообраќајна несреќа. На самото место констатиравме дека едно лице починало по здобиени тешки повреди на самото место на несреќата  – изјави Николовска Димеска.

18926249_10211023489957605_801722092_o

Увид на местото на несреќата каде што се судриле возило „лада самара“ и „мерцедес“ направија полицијата и јавен обвинител од прилепското Основно јавно обвинителство.

Според првичните информации од Службата за итна медицинска помош во сообраќајката животот го загуби 46-годишниот З.Ј. од селото Сарандиново, општина Долнени. Обдукцијата ќе треба да ги утврди причините за смртта.

Сообраќајот на патот Прилеп- Мажучиште беше во прекин околу еден час




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.