Дали Русите се најлогемите пијаници на светот? Погледнете колку се пие во светот по глава на жител

russians-drinking-photo-afp-copy

Постојат многу стереотипи за Русија, како што се: ладна клима, лошите навики на Русите и алкохолизам. Русија е дефинирана како земја каде најмногу се конзумира алкохол по глава на жител.

Критичарите велат дека пиењето е навика на сите Руси. Сепак, ова е само мит.

 

ЗЕМЈА БЕЗ ВОТКА
Можеби е тешко да се верува, но конзумирањето на алкохол во Русија било невообичаено во антиката.

Пред да го прифатат христијанството како религија (X век), во Русија не постоело пиење алкохол воопшто. Немало винови градини и немало вино. Луѓето пиеле само пијалоци со ниска количина на алкохол, како што е пивото.

Вотката, иако многумина мислат така, не е руско откритие. Таа била донесена во Русија од трговецот Џеновезе и доцните години на XIV век.

Всушност, пијалокот кој бил донесен во Русија немал воопшто вкус на вотка која денес е достапна во секоја земја.

Џеновезе ги запознал Русите со новиот пијалок “аква –вита”, пијалок кој потекнува од јужна Франција. На Русите не им се допаднал, и истиот бил користен за медицински цели.

 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДУКТОТ

 

Во XV век, Руските манастири започнале да произведуваат вотка. И како што рековме Русите ниту малку не биле познати како алкохоличари во тоа време. Таа карактеристика им припаѓа на Германците, кои уживале да се опиваат, па според тоа постоела и изреката “пијан како Германец”.

Руската држава дури водела политика во тоа време против зависноста од алкохол, сепак ситуацијата се влошила во XIX век кога започнало индустриското производство на вотка. Државата и денес презема мерки против алкохолизмот. На пример во 2009 година руската влада ја усвои стратегијата за анти алкохолизам во државата, која ќе трае до 2020 година.

 

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОНЗУМЕНТИ НА АЛКОХОЛ?

 

Според Светската здравствена организација најмногу алкохол во светот во 2016 година не се пиело во Русија, туку во малата Литванија.

Белорусија се наоѓа на високото второ место со испиени 15 литри по жител годишно,  Латвија на третото место со 13 литри, а Русија и Полска го делат четвртото место со 12 литри по глава на жител годишно.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.