Грабеж во Прилеп – украден пиштол, пари и злато

krazba-10

Вчера во времето од 03 часот и 30 минути  до 06 часот и 30 минути,  во Прилеп на улица “Војводинска“, непознато лице насилно ја скршило влезната врата од куќата на 58- годишниот З.С и извршило кражба, одземајќи 6.100 денари, златен накит и пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62  кој З.С. го поседувал со дозвола.

Извршен е увид на местото на настанот, а причинета материјална штета е проценета на околу 30.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.