(ГАЛЕРИЈА) “Верни на коледарската традиција! Ќе ги изгасниме огновите кога владиците ќе ги продадат ”болидите”?!”

Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.

Сите маала почнувајќи од Тризла и Под Кули до Бончејца, Сточен пазар и Жабино маало имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив.

Оваа година за разлика од ланската кога надвор врнеше снег, коледарите имаа пријатни временски услови.

Додека румената ракија ја подгреваше атмосферата, се приготвуваше вкусна риба на скара, а тука беше и посното гравче.

Им посакуваме на сите коледари во Прилеп традицијата да им трае уште многу годни, добро здравје и уште поголемо расположение догодина.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.