Во сабота сите на МОГИЛА: Победа атакува на првите 3 бода во новата сезона

20915519_1285711788206546_7458432126766631495_n

Во сабота со почеток од 16:30 часот на стадионот во паркот на “Могилата на непобедените”, ќе се одигра дуелот од третото коло од македонската Прва фудбалска лига помеѓу Победа и Шкупи.

Прилепска Победа ќе атакува на првите 3 бода против директниот конкурент од минатата сезона за сигурен опстанок во лигата.

Лошата игра, но и силните противници во првите две кола беа причината за пораз од Пелистер и Вардар, прилепчани беа особено разочарани по поразот на стартот од сезоната во Пелагониското дерби,

Дуелот со Шкупи е шанса победашите да застанат на нозе и да докажат дека во новата сезона се спремни за поголеми успеси.

Затоа во сабота сите на Могила!

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.