(ВИДЕО) Сателит снимил морничава појава: Дали е ова доказ дека постојат вонземјани?

Сателитски снимки во близина на Црвеното море во Египет откриле необична појава во песокот.

Среде Сахара снимени се дупки и испакнатини во песокот кои од воздух изгледаат како две спирали.

Со оглед на тоа дека се работи за неверојатно правилни облици, истите веднаш биле поврзани со вонземјани.

Меѓутоа, овие спирали всушност се уметничко дело кое го направиле трите уметнички, Данаја Страту, Александра Страту и Стела Константинидис, а го нарекле “Пустински здив”.

Oва дело се простира на површина од дури 100.000 квадратни метри, а за неговата изградба биле потребни 8000 кубици песок. Делото настанало во 1997 година и сеуште постои, но пустинскиот ветер веќе полека го брише.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.