(ВИДЕО) НАЈБРЗИОТ ПАТ ДО АМЕРИКАНСКА ВИЗА: Оваа програма ја користат само богати, а најмногу ја употребиле Кинезите

Ишан Кан по завршувањето на студиите во САД се обидел одработи и приправнички стаж во IT индустријата.

Кога му била одбиена визата, морал да се врати во Индија. Со помош на неговиот татко собрал 500.000 долари и инвестирал во хотел во Порторико, а очекува да започне со работа овој месец.

Оваа програма која започнала во 1991 година има за цел да го поттикне инвестирањето во САД. За добивање виза за САД потребно е да се инвестираат 500.000 долари во неразвиени подрачја или еден милион на некое друго место.

Годишно се одобруваат околу 10.000 визи, но лани овој број се зголемил на 11.321. Најмногу пријави имало од Кина (82 проценти), Виетнам и Индија.

Ова е најбрзиот пат до американска виза.

Доколку имате 1 милион долари во Македонија, “сигурно” ќе ви текне на американска виза.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.