(ВИДЕО) Бродот на духови на Тито насукан во Калифорнија: Го оставиле да скапува среде океанот, а тој се вратил и изгледа морничаво

Рускиот туристички  крузер “Љубав Орлова”, кој пред две години исчезна во морето, пронајден е насукан на една калифорниска плажа.

Изграден е во кралското бродоградилиште во 70-тите години на минатиот век во поранешна Југославија, а во 2010 година е конфискуван од канадските власти поради долгови.

Бидејќи две години поминал во пристаниште, властите одлучиле да го испратат во Доминиканска Република и да го продадат за старо железо.

Меѓутоа, сајлата пукнала и канадските власти биле приморани да испратат друг брод кој го истуркал бродот од Тито во морето и го оставил таму.

После година дена бродот се насукал на една од плажите во американската држава Калифорнија, а научниците тврдат дека на бродот се намножиле голем број стаорци, кои поради недостаток на храна започнале да се јадат самите себе.

За сега нема информација каква судбина го чека овој брод, кој пред 40 години можел да превезува околу 110 патници.

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.