ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не пијајте вода од овие чешми

Врз основа на направеното тестирање на водата за пиење од мерното место
Плетвар крај патната чешма кај ресторанот „Че“, од Центарот за јавно здравје Прилеп ги
информира граѓаните дека водата од оваа чешма не е здравствено исправна и
не смее да се користи за пиење.

Исто така, од прилепскиот Центар за јавно здравје информираат дека
неисправна за пиење е и водата од јавната чешма во с.Плетвар.

Медицинските
стручњаци препорачуваат водата да не се користи за пиење, без претходно
вриење од 10 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.