БИЗАРНО: Куќата ги чинела милион долари, а со неа добиле и морбиден додаток

kuca-duhova

Семејство од Њу Џерси се вселило во домот од соништата, но потоа започнале да им пристигнуваат чудни писма.

Кога се вселиле на почетокот им стигнувале писма од некој кој се потпишувал како “Надгледувач”, а потоа секое наредно писмо било се пострашно и поморбидно.

Семејството одлучило да ги тужи претходните сопственици, за кои мислеле дека знаат дека куќата е проколната.

– Мојот дедо ја надгледуваше оваа куќа уште од 20-тите години на минатиот век, мојот татко ја надгледуваше во 60-тите. Сега е мојот ред – пишува во едно од писмата кои ги добивало семејството.

Меѓутоа, писмата кои стигнувале покасно биле уште пострашни.

– Дали ќе ја наполните куќата со млада крв како што побарав ? Барав и од претходните сопственици да ми донесат млада крв- пишува во писмата.

Родителите кои седат заедно со трите деца ја сфатиле заканата.

– Дали во подрумот ќе има свежа крв ? Чија е собата која е од страната на улицата ?

Ќе знам кога ќе се вселите. Штом дознаат во кои соби се наоѓате, полесно ќе си играм. Јас сум главен во куќата- продолжувале писмата со морбидна содржина.

Семејството ја платило куќата 1,3 милиони долари, а претходните сопственици, како што тврдат сегашните, знаеле дека со куќата “во пакет” доаѓаат и писмата.

Моментално куќата не може да се продаде, бидејќи потенцијалните купувачи се плашат од ” Надгледувачот”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.