АПСУРД: ”Во Лерин 2.000 Македонци славеа со македонска песна, во Прилеп Градоначалникот на турбо-фолк оро…?!“ (ВИДЕО)

Повеќе од 2.000 Македонци од Егејска Македонија, со македонски песни и ора, ја дочекаа Новата година во ресторанот за свадби “La Casa Grande” во Лерин.

Навистина една преубава слика! Да се видат толку многу Македонци на едно место сето тоа не било каде, туку во денешна Грција, каде во минатото овие луѓе и нивните семејства биле прогонувани, измачувани и третирани на најгрозен начин.

Сепак, љубовта кон татковината и македонската традиција, песна и култура е она што ги обединува и ги прави посилни.

Не така многу далеку од Лерин, во Прилеп, новата локална власт и градоначалникот Илија Јованоски, Новата година ја дочекаа со српски турбо-фолк.

На градоначалникот друштво на орото му правеше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Кога сами си го поништуваме тоа што го имаме, никој не ни е крив потоа….

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.