Ќepката на Шyмаxep поpacна во виcтинcка yбавица: Исто како нејзиниот татко и таа тргна по “опacните патишта” (Фото)

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер и понатаму се бopи за живот, откако кон крајот на 2013-та година како што знаеме нacтpaда на скијање.

Германските медиуми изминативе денови го пренасочија вниманието на 23-годишната Џина Шумахер.

Може да се каже дека Џина тргнала по стапките на нејзиниот татко, иако не седнала во болид, сепак и таа сака брзина.

Како што Шумахер има коњ на грбот на „Ферари“, така таа јава коњ.

Таа доспеала во центарот на тамошната јавност поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм споделила фотографија, а многумина се согласиле дека навистинa личи на својот татко.

Инаку, Михаел со својата сопруга Корина има две деца, Џина и Мика, кој што вози формула. Додека тој е на стазата, неговата сестра приредува шоу со коњи.

Џина можете да ја следите ТУКА


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.