“Ја уништија “Победа” , а порано бараа дури и награди за фудбалерите? За ракометот е излишно да се зборува?”

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во 2016 година во улога на координатор на тогашната советничка група на ОО СДСМ Прилеп, преку прес конференција предлагаше премија од 1 милион денари за пласманот на фудбалерите на ФК Победа во Првата фудбалска лига.

Јованоски тогаш беше придружуван од сегашниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.

Моментално Победа се наоѓа на последното место на прволигашката табела, како и Ракометниот клуб Прилеп кој “се дави” на последните позиции во ракометната Супер лига.

Спортот во Прилеп се наоѓа во безизлезна ситуација, нешто што е спротивно на ветувањата кои Јованоски ги даде пред прилепчани во екот на кампањата за локалните избори во 2017 година.

Еве како актуелниот градоначалник во 2016 година се бореше за премија од 1 милион денари за црвено-белите победаши:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.