Што не смеат да јадат деца до две години?

hr500

Здравата исхрана е многу важна за правилен раст и развој на децата, меѓутоа, треба да се внимава во изборот на намирниците. Некоја храна која е исклучително здрава за возрасните, на малите деца може да им предизвика многу проблеми.

Мед

На деца до две години не смее да им се дава мед бидејќи може да содржи токсин Clostridium botulinum кој предизвикува труење, наречено ботулизам. Имунитетот на возрасното лице е способно да се одбрани, но не и детскиот, па најдобро е во целост да се одбегнува до оваа возраст, а потоа постепено и контролирано да се воведува.

Непастеризирано млеко

Кравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до една година не можат да ги сварат, па затоа не се препорачува воведување на оваа намирница во детската исхрана пред првиот роденден. Но, и понатаму во животот, треба да се одбегнува домашно млеко кое не минало низ процес на пастеризација.

Цитрусни плодови

Лимонот, лиметата, цитронот и портокалите се дел од здравите плодови од фамилијата на цитрусите чија главна карактеристика е високиот процент на витамин Ц. Сепак, овие плодови ги карактеризира и висока киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето. Токму затоа се препорачува одбегнување на оваа храна кај деца помлади од една година.

Храна која го дуе стомакот

Брокулата и грашокот се само дел од намирниците со висок процент диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата, но предизвикуваат и силни гасови. И додека кај возрасните предизвикуваат непријатност, кај малите деца може да биде проследено со силни болки во пределот на стомакот. Затоа воведувањето на ваквата храна треба да биде постепено, контролирано и соодветно на возраста.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.