Шок за македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски: Палермо исфрлен во Сериа Ц

Екипата на Палермо е исфрлена во Сериа Ц поради финансиски нерегуларности, беше потврдено денеска со одлука на Федералниот суд во Италија.

Според одлуката на судот, Палермо ќе биде рангиран последен на табелата во Сериа Б, а нивното место на врвот од табелата ќе го заземе Перуџа која ќе игра плеј оф за Сериа А.

Тоа ќе значи опстанок за екипата на Венеција во второто по ранг натпреварување во Италија, додека пак Салернитана и Фоџа ќе се борат во плеј аутот.

Според одлуката на судот, поранешниот сопственик на клубот, Маурицио Ѕампарини, извршил перење на пари преку продажбата на брендот Палермо за значителна сума пари на друга компанија која самиот тој ја основал, пред одново да го изнајми брендот назад на клубот за минимална сума.

Палермо ќе ја обжали одлуката на судот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.