Чешка се откажува! Македонија ги пакува куферите и заминува на Светско!

Ракометната Федерација на Чешка објави дека нивната репрезентација нема да учествува на Светското првенство поради голем број играчи инфицирани со kopoнавиpyc – пишува “Balkan handball”.

Тоа значи дека Македонската репрезентација, сепак ќе учествува на Светското првенство во Египет кое стартува утре.

Според информациите, сите 24 избраници на нашиот селектор Данило Брестовац денеска направиле тестови и ниту еден не е позитивен.

Претходно денеска проструи и информација дека Македонија ќе ги замени САД, кои имаат 18 позитивни ракометари на коронавиpyc.

Сепак, Американците подоцна објавија дека ќе патуваат во Египет со 12 ракометари.

Ако Македонија и официјално ја замени Чешка, во група ќе биде со Шведска, домаќинот Египет и Чиле.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.