Идомени се претвори во бојно поле. Бегалците од утрово се обидуваат нелегално да ја преминат границата и да влезат во Македонија на нелегален начин.
Расте бројот на обезбедувањето, мигрантите револтирани поради затворената граница фрлаат со камења, а целиот регион мириса на солзавец.
Лекарите од болницата во Гевгелија направиле 13 интервенции на повредени, а едно лице е задржано на опсервација.
Македонската полиција реагирала со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава на мигранти од Грција.
Како што дознава ТВ Нова, тензиите нема да престанат ни во текот на ноќта.