(Фото) Се отвори огромна дупка исполнета со флуоресцентна течност сред улица

Токму кога мислите дека 2020-та веќе не може да ве изненади, започнаа да се појавуваа чудни дупки испочнети со флуоресцентна течност на патиштата.

Алармот беше вклучен откако дупката се отвори во центарот на Торонто, Канада, но за среќа не станува за ништо сериозно. Течноста ја добила светло-зелената боја откако работниците истуриле хемикалија во неа.

Портпарол на градот Торонто за 680NEWS изјави: “Вработените во Водоводната мрежа на Торонто вчера вечерта извршија увид. Дупките може да бидат резултат на оштетена или срушена канализација.

„Со цел да се утврди дали дупката е поврзан со основната канализација, беше спроведен тест со употреба на зелена нетоксична боја, која се додава во дупката додека се следи најблиската шахта за да се бараат траги од бојата во канализацијата ”






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.