Во Сивас, северо-источна Турција, температурите се спуштија дури на минус 28 Целзиусови степени.
Студеното време и неповолните временски услови кои го зафатија Сивас во последниве денови имаат негативно влијание врз животот на жителите од областа.
Езерата и рибниците се замрзнати, како и приватните автомобили паркирани надвор. Некои граѓани се обидуваат да ги заштитат со ќебиња и најлон.