-На 29.09.2024 во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба.
Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.
С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.