Убави вести: За викендот дожд, а потоа повторно ни доаѓа снегот

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

За утре има најава за слаби врнежи од дожд во западните делови. Во сабота и во недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово (минус два). Максималната дневна ќе се движи од пет до 13 степени.

За време на викендот утринските темепратури над нулата, а дневните од седум до 12 односно до 14 степени. Во вторник и среда минималните температури од минус три до два, односно од минус седум до минус два, а дневните максимални од два до девет, односно од минус еден до пет степени.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.