Три тепачки синоќа во Прилеп: Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи

Синоќа во 23.40 часот во Полициската станица Прилеп, М.П.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на улица ,,Кеј 9-ти Септември“ физички бил нападнат од лицата Ш.С. од село Десово, Б.П. од Прилеп, С.Ф. од село Канатларци и А.С. од село Пешталево.

Утрово во 04.30 часот Д.М.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот во Бизнис центарот во Прилеп физички бил нападнат од лицето И.Б. и уште две непознати лица.

Лицето М.Б.(27) исто така од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот на плоштадот ,,Методија Андонов Ченто“ во Прилеп физички бил нападнат од непознато лице, при што изгубил свест и паднал на земја.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите три случаи