Терористот кој сееше смрт во Франција дал интервју: Полицијата знаеше кој сум но ме пуштија!

untitledytj65y56uh56u56u56u5

Абделхамид Абауд, 27-годишното момче од Белгија кое се смета за главен организатор и мозок на терористичките напади во Фрнција, кои ја потресоа светската јавност, во февруари годинава дал ексклузивно интервју за „Дабик”, специјално списание на Исламската држава.

Во изданието кое е модерно, Абауд чие што воено име е Abu Omar el Baljiki, открива како успеал да избега од Белгија во Сирија, иако полицијата трагала по него бидејќи планирал напади, најверојатно овој во Франција. Тој во војната во Сирија отишол во 2014 година, а потоа за весникот открива како се вратил назад за да ги тероризира оние кои водат војна против муслиманите.

– Морав да се вратам. Белгија е земја која ги напаѓа муслиманите, рекол тој.

Му биле потребни месеци повторно да влезе во Европа. Кога конечно влегол во Белгија, добил оружје и сигурна куќа, додека планирал како со групата да изврши напади. Тој порано бил затваран па затоа и бил познат на полицијата, а неговата слика повторно се појавила во медиумите, откако настанала престрелка во која биле убиени 150 војници, и двајца негови соработници, по што била издадена потерница по него. И самиот бил шокиран кога успеал да се спаси.

untitleduyk67i67ik76i76y67i67ui67i76

– Еден од браќата не снимаше пред битката, но камерата се загуби. Потоа беше продадена на некој новинар од западот. Се изненадив кога си ја видов сликата во медиумите, но Алах ги заспал неверниците. Еден офицр ме гледаше, проверуваше дали сум јас тој на сликата, но не знам како не ме препозна и ме пушти, вели терористот. Тој додава дека тоа го смета за подарок од Алах.

Тој вели дека е благодарен на Бога што иако се спроведувале апсења во повеќе европски земји, никој од неговиот тим не бил фатен.

– Ме бараа но побегнав, Муслиманите не треба да се плашат од западот, тоа е доказ, вели тој.

Абауд и понатаму планира терористички акции, како што кажал за Дабик.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.