Судијата не ја виде “божјата рака”, но се сеќава што рекол Марадона потоа (Видео)

Дуелот меѓу Аргентина и Англија на Мундијалот во 1986 година е можеби најконтpoверзната утакмица во историјата.

По разделбата на светот од Диего Армандо Марадона, во медиумите имавме можност да прочитаме многу текстови за оваа утакмица. Аргентина ја победи Англија со резултат 2-1, а Марадона ги постигна двата гола. Првиот гол го постигна со рака и овој гол е познат како “Божјата рака” која ги одведе Аргентинците во понатамошното натпреварување.

Легендарниот италијански судија Паоло Касарин тој ден бил на стадионот од Ацтеките, а сега се присеќава дека по средбата Марадона му се приближил и му открил зошто го постигнал вториот гол на таков спектакуларен начин.

– Морам да кажам нешто за Диего. По утакмицата го видов и разговаравме. Тој ми рече: “Морав да постигнам таков гол, бидејќи првиот беше нерегуларен. Ме воодушеви. Беше тоа Диего, вистинскиот Диего- раскажува Касарин.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.