“Стопиле” 6297 гласа за 18 месеци, со непотизам, небезбедност, лажни ветувања, двојазичност, пониски пензии и 100 други причини??”

6.297 гласови на прилепчани, толкава бројка СДСМ загуби во Прилеп за само година ипол откако ја презедоа локалната власт во градот.

На локалните избори во 2017 година, за актуелниот градоначалник Илија Јованоски гласале 23.398 гласачи, а само годин ипол подоцна на првиот круг од претседателските избори, СДСМ и Стево Пендаровски добија силен удар од прилепчани и резултат од 17.101 гласови во првиот круг.

Олку голем драстичен пад на една партија во градот под Марковите кули досега не е забележана. Сепак, тоа не е случајно и не доаѓа од нигде никаде.

Ова е предупредувањето на прилепчани за новите давачки, за 60% повисоките сметки за вода, мизерните 20-тина проценти на реализација на капитални инвестиции, уништувањето на спортот во градот, огромниот непотизам во сите јавни претпријатија и државни институции, пониските пензии за околу 12.000 прилепски пензионери, а секако тука се надоврзува и притисокот кон администрацијата, врз ромското и турското население, но и создаденото незадоволство во своите редови.

Сето ова е можеби повеќе од доволно за да се запали црвеното светло во редовите на СДСМ и за чистката која ја најави премиерот Зоран Заев.

Останува да видиме дали ова ќе значи оставка на Претседалот на Советот и на ОО СДСМ Прилеп и дали Талески ќе биде дел од најавената чистка?


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.