Стевананџија до Смилеска: “Прилепските пензионери ги оштетивте за минимум 5.000 денари со вашите лаги” (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната седница на Собранието и реплицираше на колешката сограѓанка од Прилеп, Кети Смилеска.

Стевананџија истакна дека со зголемените сметки за вода за 60% во Прилеп, на пензионерите кои плаќале по 500 денари сметки за вода, им се намалува домашниот буџет за 4.800 денари на годишно ниво.

Наместо да им биде намалена сметката за вода за 20% онака како што ветуваше градоначалникот од СДСМ во Прилеп, сега сметките за вода се покачени за 60%.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.