СРАМОТА! “Од парк стана змијарник? Се’ се уништи за само 7 месеци?” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

0

Маалскиот парк во населбата “Kузман” во Прилеп беше пуштен во употреба непосредно пред локалните избори минатата година.

За само 7 месеци подоцна паркот на кој се израдуваа жителите во оваа населба и беше преполн со деца, е целосно запуштен, а тревниците наликуваат на змијарник.

Навистина една жална слика, која говори за неодговорноста на новите локални власти во Прилеп, кои можеби и не знаат каде се наоѓа ова паркче.

Жално е што пари на граѓаните кои се потрошиле да се направи нешто вредно, украсно и од корист за сите, се остава на милост и немилост и без никаква грижа.

Отварањето на овој парк во септември минатата година беше проследено од голем број граѓани од оваа населба и беше поздравено, сега местото се враќа во првобитна состојба.

Од секоја тумба зелено катче: Населбата “Кузман” доби парк со детско игралиште (ВИДЕО)

Еве во што се претвори убавото катче во оваа населба: