Со мед и лук направете го овој лек, лечи низа заболувања

Сигурно ви е познато дека медот и лукот се многу здрави, но ќе се изненадите што се може да направи нивната комбинација.

 

med-luk

Овие познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.

За овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.

1. Го зајакнува имунитетот

Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.

2. Го штити срцето

Оваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.

3. Го лекува воспалението на грлото

Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.

4. Помага при дијареја

Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.

5. Помага при сува кашлица

Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.

6. Помага при габични инфекции

Габите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.

7. Врши детоксикација

Комбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.