СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ се закити со плакета 3ти Ноември

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-10

По повод празникот 3ти Ноември – „Денот на ослободувањето на град Прилеп“ во Домот на културата „Марко Цепенков“ се одржа Свечена академија за доделување на плакети и други награди. Комисијата за одбележување значајни настани и датуми при Советот на општината, ја донесе одлуката за доделување на најзначајните награди што ги дава градот на заслужни поединци и организации. Покрај многубројните имиња кои се запишаа во историјата на град Прилеп се вброи и нашето училиште СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“заради достигнувањата и прикажаните резултати од инфраструктурен, организациски и воспитно – образовен карактер.

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-6

Проект на МОН и агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија е спортска сала од мал тип. Старата училишна зграда е влезена во програмата за изградба и реконструкција на средни училишта на Влада и МОН. Градоначалникот Maрјан Ристески, советот на општина Прилеп и локалната самоуправа ја поддржуваат нашата визијата за едно современо, европско училиште. Има нова котлара и котел за спортската сала, нов семафор за спортската сала, бекатонска патека и мермерни плочки, како и хортикултурно уредување на три паркови површини. Паралелно се работи на нова пристапна рампа, медиотека со сопствен санитарен јазол, нови надворешни скали, реконструкција на санитарните јазли во старото крило и се разбира проектот за енергетска ефикасност на општина Прилеп од ИПА програмата со кој училиштето добива нова термоизолациона фасада, нов покрив и громобранска инсталација и нова надворешна столарија.

5858-dodeleni-3-to-noemvriskite-nagradi-960x600-18

Признанието беше доделено од страна на градоначалникот на град Прилеп, Г-дин Марјан Ристески и претседателот на советот на општина Прилеп. Директорката Спасија Нешкоска –Цуцулеска се обрати до присутните:
„Почитувани,
За нас оваа награда е големо признание за трудот и заложбите на учениците и вработените во СОУ Кузман Јосифоски – Питу, на нашиот совет на родители и на училишниот одбор.
Се разбира, позади нашите успеси стојат многу добронамерници кои помагаат во реализацијата на нашата развојна програма, Градоначалникот, г-дин Марјан Ристески, советот на општина Прилеп и претседателот г-дин Никола Димески, секторот за финансии и буџет, одделението за јавни дејности и останатите сектори при локалната самоуправа, ЈП Комуналец, ЈП за просторни и урбанистички планови, ЈП Водовод и многу други пријатели кои знаат дека инвестирањето во образованието е инвестиција во нашата иднина.
Од свое име и од името на сите ученици и вработени во нашето училиште Ви го честитам празникот. Голема благодарност на Општина Прилеп за укажаната чест“

 

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.