Советникот од ромската популација од СДСМ повика Ромите да не излегуваат на гласање – биле прелажани?

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 државни службеници, а добрата вест беше што едно од работните места (Раководител на одделението за внатрешна ревизија) е предвидено за припадник од ромската популација.

Но, дали е така и дали ќе се испочитува тоа што стои во огласот објавен на веб страната на Агенцијата за администрација?

Сомнеж на ова ставаат коментарите под нашата објава, на советникот во Советот на општина Прилеп од ромската популација на СДСМ, Адем Мамудоски.

“Другари незнам што лошо направиле Ромите. Дали Ромите биле, или се против државата, или против вас што пишувате навредливо за Ромите. Роми има и за ВМРО-ДПМНЕ, Роми има и за СДСМ, тоа е заеднички соживот… Да ве потсетам за време на конфликто 2001 Ромите беа за Македонија, а не беа против Македонија…Ама за жал некој несовесни граѓани добрината ја забораваат…Гледајте што се случува во административните вработувања што се случувааа…само Албанци се вработеаа…позз сограѓани”, пишува во еден од коментарите Мамудовски одговарајќи им на тие кои не се согласуваат со вработувањето на припадник од ромската популација во општина Прилеп.

Но, подолу Мамудоски додава:

“Не плашете се за жал Ром нема да се вработи…Тоа е тактички оглас за Ром вработување…Ромите се за комуналец и в.канализација…И ако имаме писмен кадар..за жал рекламата е Ромите се не писмени”.

Во комуникација со други сограѓани, Мамудоски додава:

“Да друже тактички е направен огласот во општината…наводно огласот е за Ром…ама за жал Ром нема да се вработи по никаква шанса…тоа го знајме дека е така…само терајте до каде можите…затоа Ромите не треба да излагаат на гласање..на локалните избори…сами да си гласате”.

Инаку огласот можете да го погледнете ТУКА






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.