Сметките повисоки 60%, 287.000 евра за партиски вработени, а го чекаме новиот затворен базент?

Најавениот “нов живот” на СДСМ за време на парламентарните избори во 2016 и локалните во 2017 година, додесе еден куп чуда за Прилеп и прилепчани. Еве неколку моменти од изминатите 3 години на власт кои деновиве се актуелни во Прилеп.

СДСМ има целосна власт во градот херој, а сето тоа е резултат на мегаломанските ветувања во предизборниот период, што резултираше со голема доверба на граѓаните дека многу работи ќе се променат на подбро.

Едно од главните ветувања со кои актуелниот градоначалник Илија Јованоски дојде на власт, беше ветувањето за намалување на сметките за вода за 20%.

Но, наместо исполнување на ветувањето, прилепчани од март минатата година плаќаат за 60% повисоки сметки за вода. Тоа се должи на воведувањето на дополнителни 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, поради работата на пречиститечната станица.

Со пречистителната станица од минатата година стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“, а властите ова покачување го правдаа како вина на претходната локална власт, иако токму нивниот градоначалник ветуваше за 20% пониски сметки за вода за прилепчани.

Со новите цени за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода во Прилеп изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Овие цени на сметките за вода се вистинска ноќна мора за прилепчани и со сигурност ќе се одразат врз довербата на граѓаните во престојното изборно соочување.

За време на пандемија се трошеа пари за партиски вработувања?

Пред извесно време, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, на прес конференција посочи дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра.

Целосната изјава на Ристески проследете ја во продолжение:

Општината одново му се “запна” на ветениот затворен базен

Изградбата на здравствено-рекреативен центар со покриен базен, кој требаше да се реализира во спортската сала “Mакедонија”, беше исто така едно од големите ветувања на градоначалникот Илија Јованоски.

Mинатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”. Досега немаше ниту проект, ниту започнување на работите.

Пред повеќе од еден месец од општината поставија табла на локацијата каде треба да отпочнат со градба.

На локацијата каде наводно ќе се гради, поставена е табла со известување до граѓаните да не отпочнуваат со земјоделски работи, на парцелата која е во сопственост на “СРМ”.

Го посетивме “градилиштето” и забележавме дека таму сеуште нема никаква механизација, ниту пак се изведуваат некакви работи.

Општината и градоначалникот сеуште немаат објавено како ќе изгледа проектот, колку време ќе траат градежните активности и колкава ќе биде неговата вредност.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.