Слушнете го најновиот хит на Елена Велевска насловен како „најСилна” (Видео)

Фолк-пејачката Елена Велевска деновиве го промовираше својот сингл, кој по реакцијата на оние кои ја слушнаа ќе биде голем хит.

Со оваа песна Велевска настапи на овогодинешниот Фолк Фест “Роса”.

Песната го носи насловот „најСилна“, музиката е дело на Артан Кастрати, текстот на Љупче Василев, аранжманот на Никола Кочан, а пратечките вокали ги испеа Анета од група “Молика”.

Иако веќе влезе во петтата деценија, Велевска како мајка на три деца може да се пофали со своето совршено извајано тело кое го покажа и при изведбата на најновата песна каде блеска во креација на домашен креатор.

Погледнете и уверете се сами:






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.