Симон Наумоски доби специјално признание од Стопанската комора на Република Македонија

0

Стопанската комора на Македонија традиционално како секоја година и оваа додели награди и други признанија на компании членки кои во минатата 2017 година оствариле позитивни резултати во работењето врз основа на однапред утврдени критериуми.

Специјално признание за долгогодишната коморска активност доби Симон Наумоски, истакнат и докажан бизнисмен, претседател на Управниот одбор на Витаминка, активен стопанственик и учесник во работата на Стопанската комора на Македонија на сите нивоа повеќе од 30 години. Тој уште активно учествува во унапредувањето на кондиторската дејност преку Групацијата за кондиторски производи во рамките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија.

Витаминка е на 39-то место на листата на најголеми работодавци, на 74-то место на листата најголеми компании во Македонија за 2016 година, согласно податоците од Централниот регистар и меѓу трите водечки компании од кондиторската дејност во земјата.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на доделувањето на наградите и признанијата потенцираше дека станува збор за фирми и личности кои имаат свој удел во домашната економија, посакувајќи секоја следна година да имаме што поуспешни и перспективни компании.

Награди и признанија во 11 категории добија 15 компании членки на Стопанската комора на Македонија.

Извор: “Неделник Зенит”