Се појавија тајни документи на кинеската Влада! 30% од зapaзените немаат симптоми, но го шират виpycoт

Бројот на “тивките носители”- луѓето кои се зapaзени со новиот коронавирус, но покажуваат одложени симптоми или се без симптоми- би можел да достигне 30% од оние кои се тестирани позитивни на вирусот, покажуваат документите на кинеската Влада во кои SCMP имаше увид.

Тоа би можело дополнително да ја искомплицира стратегијата која веќе ја користат земјите во борбата против вирусот кој зарази повеќе од 280.000 луѓе.

Повеќе од 43.000 луѓе во Кина се тестирани позитивни на Ковид-19 до крајот на февруари, но без симптоми. Оваа состојба е позната како асимптоматска. Тие се ставени во карантин, под надзор, но не биле вклучени во официјалната статистика.

Пациентите обично ги развиваат симптомите за пет дена, макар што периодот на инкубација може да трае од две до три недели во некои случаи.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.